
Четврток ни стана некако по традиција ден за враќање во историјата или што би рекле со инстаграмерски жаргон #throwbackthursday
3/4 денес ве враќа многу векови назад, со едно парче облека кое денес пак, благодарение на 3/4 се бара како лудо, како најважна работа за апдејт на вашиот стил. И со причина.

Тоа е ЕЛЕКОТ кој не го измисливме ние, но сме повеќе од благодарни на англискиот крал Чарлс Втори (1630 – 1685), кој го внесе елекот на англискиот двор како дел од тогашниот правилен дрес код или правилно облекување, ако сакате.
Еден државен службеник по име Самуел Пепис, кој во тоа време водел дневници во судските дворови ќе напише:
,,Кралот вчера во советот ја прогласи својата резолуција за поставување мода за облека што никогаш нема да ја смени! Тоа е елек, кој не знам дали е добар.“

Во суштина, Кралот на Англија се обидуваше да го надмине во својот стил францускиот крал Луј XIV – што претставуваше вистински храбар потег.
Чарлс II ја позајмил идејата од англискиот патник и авантурист Сер Роберт Ширли (1581 – 1628), кој пак ја позајмил од персискиот двор на Шах Абас Велики (1571 – 1629).
Вака гледано, можеме да враќаме во недоглед од каде инспирацијата за овој моден новитет.
На почетокот елекот беше подолг, наречен мантил „елек“ подоцна стана само „елек“ бидејќи модата бараше пократок рез на нивото на струкот.
Како што минувал осумнаесеттиот век, долните делови од елекот станувале се пократки и на крајот исчезнале.
Елеците биле резервирани за најформални прилики, појавувања на судови или високи церемонии. Ткаени целосно со метални нишки , деликатно изработени од најфини материјали, со везови и петлици од мошне вредни материјали, така што елекот претставуваше многу скапо парче облека.
Се селиме во 20 век, во 1970-тите години, кога жените започнаа да носат елеци као дел од нивната работна облека.
Кон крајот на 90-тите и раните 2000-ти елекот стана моден тренд кој жените започнуваат да го носат како дел од нивните формални или нефорални прилики.
Мажите го открија пред неколку века, жените го направија “свој” дури во минатиот век …а 3/4 на ЕЛЕКОТ му даде смисла на свој автентичен начин и заслужува централно место во вашиот есенски стил.
Comments are closed