Денес имаме час по историја, посветен на една историска вистина дека првите пасионирани почитувачи на здолништето биле мажите.
И со право!
Зошто жените да можат да носат пантолони во последните два века, а мажите да не носат здолништа?
Еве ја приказната….
Ако постои еден вид облека што имал богата историја низ вековите, тоа е дефинитивно здолништето. Од плетеното сламено здолниште од 3900 година п.н.е. во Ерменија, па сè до низата макси, миди и мини …и сè што е помеѓу достапно во денешно време, здолништата доминираат во женската гардероба.
И покрај тоа што започна како стандардна облека и за мажите и за жените во сите антички култури како што се Азија и Египет, здолништето стана гардероба од суштинско значење за жените во Западна Европа и Америка.
Почетоците се во древниот Египет каде првите „здолништа“ всушност ги носеа мажите. Овие едноставни облеки беа слични на здолништето со обвивки, кое беше врзано до половината, наречено Шендит. Ова здолниште било изработено од локални материјали, најчесто лен.
Материјал кој бил лесен и воздушен, идеален за топлото и влажно време во Египет.
Најбогатите и највлијателните луѓе носеле полесни и потенки здолништа, додека работниците претежно – памучни чаршафи. Материјалот од кој се правеле здолништата всушност го одредувале и статусот кај мажите. Колку е пониска положбата во општеството, толку е поевтина ткаенината која се користела за изработка на здолниште.
За време на средниот век со напредокот во ткаењето и кроењето, мажите започнуват да носат кроени панталони и хулахопки. Во овој период фустаните за жени сè уште претставуваа главен избор за облека. Скроени да ги следат линиите на телото до под половината со посебно, истакнато здолниште зашиени на елече. Фустаните ги носеле жените постојано до крајот на 19 век.
Креирани да го покриваат целото тело заедно со корсетите беа неопходни во женската гардероба.
Сепак, тоа започна да се менува кон крајот на 1890-тите, кога жените прифатија поактивен начин на живот и возење велосипед.
Пронаоѓањето на автомобили има огромно влијание врз женската мода. Во 1900 година, должината на здолништата на жените се намалува се со цел да можат лесно да возат автомобили.
До денес… здолништето е неопходен дел од женската гардеробата!
Од кратко здолниште па се до макси линија на сукња , здолништето може да направи чудо од секоја жена. Дополнување на фигурата или криење на слабостите и истакнување на деловите од нашето тело кои ги сакаме.
Изборот е само наш во пронаоѓање на сопствениот стил!
Денес прашањето не е “Дали носиш здолниште?”….туку е следното:
“Дали носиш 3/4 здолниште?”
Comments are closed