Ова е ткаенина која е исткаена во кепер вез. Едноставно се препознава по истакнатите дијагонални линии кои се протегаат низ целата негова должина. Памучните предива се испреплетени на многу карактеристичен начин, кој преставуваат темел и основа во ткаењето.
Токму ваквиот начин на врзување/ткаење ја прави ткаенината поцврста, средно тешка, поотпорна на оштетување или деформации, далеку поотпорна во споредба со останатите ткаенини.
Кеперот најчесто се произведува од памук или од негови мешавини и се смета за одлична летна замена на тексасот. Ако во текот на жешките денови не сакате да се откажете од носење на тексас материјали, но саката поразличен модел и боја , одберете модели од кепер бидејќи во нив ќе се чувствувате најпријатно.
Најчесто се произведува од памук или во мешавина од памук и полиестер, виксоза , еластин…Во својата колекција на панталони и сукњи кои можат да се носат во сите четири годишни времиња, брендот ¾ користи моден кепер кој во својот состав застапеноста на памук е од 65-100%. ,ткаенина со карактеристика на добра способност да “дише” што го прави погоден за создавање облека за сите сезони.
Материјал кој лесно може да издржи и стотици циклуси на перење, а при тоа да го зачува богатсвото на својата структура, првичниот изглед и боја.Ако купите 3/4 дизајн бидете сигурни дека овој материјал го имате и вие на себеси.
Зошто на себеси не се става сé!
Comments are closed