За мене
Ова е мојот нов старт, ново поглавје во мојот живот .
Отварам модно студио каде ќе ги осмислувам , креирам и продавам моите парчиња на женска облека, брендирани под името [ 3/4 tričetvrti by Jasmina ]
Студио, каде ќе го пренесувам мојот талент за естетика и изразување…. и сето тоа обоено со љубов, зошто само така сум сигурна дека ќе останам своја.
Одлуката да влезам во овој свет, е збир од секојдневните животни емоции кои тлееа во мене скоро цели 5 години, па ставајќи ги своите желби под лупа, открив што е она што ме прави среќна.
За 3/4
во едно таинствено подземје, постои простор каде се создаваат и исполнуваат нашите соништа.
Студио каде се гради брендот 3/4 tricetvrti by Jasmina 🟧
Бренд кој со своите креацији се охрабри на сред КОВИД пандемија да се спротистави на ТРЕНДОТ и КОМЕРЦИЈАЛАТА.
Модели кои недостигаат кај нас … посебно во Битола.
Изработени конфекциски во фабрика, брендирани под името 3/4 tricetvrti by Jasmina, од сопствен дизајн , во своето модно студио ги осмислуавам и изложувам моите креации.
Модели во лимитирана количина кои се вон коцептот на FAST модата!
Мисија на 3/4
Мисија на брендот ¾ by Jasmina е да наметне уникатност во едноставноста.
Истовремено да ги стилизира и прикажи своите парчиња на начинот на кој можат да се носат.
Секој модел во две варијанти … елегантна и лежерна.
Никогаш во тренд, секогаш СВОИ.
Никогаш она што се носи, туку она што МИ се носи.
Купувајте македонска дизајнирана облека и САКАЈТЕ СЕ СЕБЕ СИ !
Веб страната е поддржана со грант од Фондацијата за одржлив развој “Преда Плус” преку локалното партнерство за вработување во рамки на проектот на Меѓународната организација на трудот Зајакнување на социјалниот дијалог, финансиран од Европска Унија.