Материјалите се суштина на 3/4 приказната. Затоа и ги претставуваме.Денес откријте зошто некои здолништа добро изгледаат, а некои не…..материјалот кој е крал за здолништа е ЖЕРСЕ од вискоза.
Жерсето, претставува единечна плетена ткаенина со карактеристично затегнување.Ткаенина која има фини ребра што се движат по должина на страната на лицето, а фини јазли на задната страна. Оваа ткаенина е одлична за изработка на фустани и здолништа, кошули, кардигани и јакни, џемпери и панталони.Во 1916 година, Коко Шанел ја претстави жерсе маичката во светот на модата.
Прво, таа создаде жерсе сако, а потоа и сите видови маички-фустани кои беа исклучително удобни за носење. Со нејзиниот едноставен, но елегантен дизајн таа ја популаризира оваа ткаенина која ја направи достапна за жените од сите возрасти.Видовите на жерсе ткаенини се разновидни…
Типот на жерсе од вискоза е ткаенина која брендот ¾ ја користи во своите здолништа во чиј состав вискозата е застапена со 80%.
Влакното на вискоза е полу-синтетичко, добиено од целулоза, низ процес на ситнење на дрво и делување врз него со соодветна хемиска агенеза. Се процесира низ разредена киселина, а потоа целулозата се ослободува во форма на многу тенки, вискозни навои кои се ткаат во вискозна ткаенина.
И поркај тоа што вискозното влакно го споредуваат со памук , бидејќи по текстилните особини е сличен на памукот, тоа е потенко, помеко , пофино и има понизок степен на растегливост.Моделите изработени од овој тип вискозно жерсе се веројатно најлесните и најмеки од сите ткаенини. Многу е пријатен за носење, посебно во лето.Овие материјали се фини и лесни во својата структура, многу често и прозирни, со убав свиленкаст сјај. Природно еластични, тие имаат уште подобро истегнување ако се произведуваат со ликра или кои било други еластични влакна.¾ сукњите кои се дизајнирани од овој вид на ткаенина се мошне тенки и меки, флексибилни со природно благо истуткана структура на прв поглед.
Немаат потреба од пеглање, а поседуваат беспрекорен сјај, живописни бои, идеална сила и апсорпција што се одлични карактеристики за да се создаде ткаенина што е токлу лелеава додека чекорите во неа , ткаенинатата која дава ефект на fluid as running water…ете таков нека ви биде и денот….како овој англиски цитат кој нема потреба од превод.
Comments are closed